Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volvo го произведува S80L во Кина
16.03.2009
volvo-s80l-lwb-kina-1.jpgСтартуваше сериското производство на новиот Volvo S80L. Најголемиот автомобил на Volvo од сега се нуди и со продолжено меѓуоскино растојание, а ќе се произведува и продава во Кина.

Всушност комплетниот проект од кого произлегува S80L е развиен за специфичните потреби на пазарот во Кина. Меѓуоскиното растојание е развлечено за 140 mm и сега изнесува 2.975 mm, додека вкупната должина на Volvo S80L дoстигнува 4.991 mm.

Измените овозможуваат подобрување на комфорот на задните седишта каде патниците ќе можат да уживаат и да ги протегнат нозете во просторот кој изнесува впечатливи 1.025 милиметри.

Зголемувањето на меѓуоскиното растојание не е единствената измена направена кај Volvo S80.

Верзијата L – Long нуди значително побогата опрема која вклучува фрижидер за разладување на пијалоци, високо квалитетен аудио систем кој е врзан со мултимедијален систем со издвоени команди, автоматски клима уред, задни седишта со греење и со можност за местење и уште многу благодети.

Најмоќниот мотор што ќе се нуди во Volvo S80L e 3.0 литарскиот линиски бензинец со шест цилиндри T6 кој благодарение на турбо натполнењето остварува 285 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm при 1.500 врт/мин.

Моќната коњица низ автоматскиот менувач се пренесува на сите четири тркала преку погонот на Haldex посебно развиен за Volvo. Сето ова му обезбедува на големиот S80L повеќе од пристојни перформанси со спринт до 100 km/h за 7,2 секунди.

Volvo како и многу европски марки кои имаат посебни верзии на своите модели со големо меѓуоскино растојание заради потребите на кинеските клиенти нема да го пласира S80L на пазари надвор од Кина.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook