Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Volvo ќе конкурира на Audi, BMW и Mercedes
05.08.2010

Не престанува обелоденувањето на плановите за иднината на Volvo откако кинескиот гиган Geely и Ford Motor Company формално го финализираа превземањето шведскиот производител.

volvo-s60-2010-1

Кинезите истакнуваат дека една од основните цели ќе им биде да создадат луксузни лимузини кои што ќе и конкурираат директно на германската тројка Audi, BMW и Mercedes.

Според шефот на Geely и шефот на бордот на директори на Volvo Cars, Ли Шуфу, Volvo располага со доволно технологија и знаење за развој на автомобили од премиум класата во кои спаѓаат луксузните седани Audi A8, BMW Серија 7 и Mercedes S Класа.

Ова посебно важи за кинескиот пазар каде луксузните лимузини завземаат се поголем дел од пазарниот колач, но познавачите на приликите на кинескиот пазар велат дека Volvo ќе треба да поработи многу на својот чист дизајн за да може да се прилагоди на вкусовите на кинеските купувачи кои се специфични.

Со зголемувањето на уделот на кинескиот пазар Geely, како што најави при постигнувањето на договорот за продажба на компанијата, планира да го зголеми производството на Volvo на 1 милион возила на годишно ниво.

Во 2009 производството на Volvo падна на 335.000 автомобили и забележа загуба од половина милијарда евра, но Шуфу верува дека само со мало зголемување на продукцијата и продажбата компанијата повторно ќе почне да печали.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook