Get Adobe Flash player
Volvo со два нови мотори
01.09.2010

Шведскиот производител на автомобили кој од неодамна е во сопственост на кинескиот гигант Geely не застанува со зацртаните развојни планови и на светот му претставува два сосема мотори.

volvo-1.6-gdti-2010-1

Инженерите на Volvo создадoa современи турбо бензинци со директно вбризгување на горивото. Всушност станува збор за еден мотор во две варијанти со различна испорака на моќност.

Блокот и главата на моторот се комплетно изработени од легура на алуминиум со што се постигнати ниска тежина и одлична способност за одведување на вишокот на топлина параметри кои се основа за висока ефикасност на моторот.

За подобро и порамномерно распрскување на горивото во цилиндрите и полесно согорување, бризгалките, секоја со по шест дупки, се поставени централно над клипот, веднаш до свеќичката.

Користењето на шест дупки ја олеснува контролата над вбризгувањето со што се постигнува висока ефикасност, односно максимално согорување на горивото. Притисокот со кој горивото се вбризгува во цилиндрите изнесува 100 bar.

Покрај вбризгувањето за високата ефикасност допринесуваат и варијабилното управување со вентилите, но и турбо полначот кој благодарение на ниските инерцијални сили на малата турбини се јавува на ниски вртежи.

1.6 литарскиот GDTi – Gasoline Turbocharged Direct Injection на Volvo ќе испорачува 150 КС и вртежен момент од максимални 240 Nm во послабата варијанта крстена како Т3 и 180 КС при 5.500 врт/мин и 240 Nm меѓу 1.600 и 5.000 врт/мин во помоќната изведба која ќе ја носи ознаката Т4.

Помоќната изведба нуди функција overboost со која се овозможува нагло зголемување на вртежниот момент на 270 Nm во критични ситуации како кога се претекнува и силно се притиска на педалот за гас.

Според инженерите на Volvo новиот мотор и во двете изведби е за околу 20% поштедлив од моторите со слична моќност во палетата на компанијата кои имаат значително повисока зафатнина.

Новите мотори Т3 и Т4 своето деби ќе го доживеат во рестилизираните верзии на Volvo S60 и V60 кои на пазарот треба да се појават кон крајот на годината како моделска изведба 2011.

Секако новиот 1.6 GDTi ги задоволува нормите Euro 5, a веќе следната година ќе се понуди и верзија која работи на етанол Е85.

Паралелно со претставувањето на наовиот турбо бензинец Volvo најавува дека наскоро ќе го прикаже и новоразвиениот турбо дизел со пет цилиндри кој како основа го зема блокот на познатиот 2.4 литарец кој имаше 155 или 177 КС.

 

 

 

Facebook