Новата Opel
Astra со три врати „ќе биде како вонземска” така
тврди дизајнерот на Astra
Sport, Малком Вард одговорен за дизајн на проектот Astra и дополнува дека уште позастрашувачка ќе биде верзијата OPC.
Политиката на Opel според која беа скроени и актуелните хечбек верзии на Astra со
пет врати и Astra
Sport со три врати продолжува и кај новата генерација на Astra.
Меѓутоа идејата на одговорните во General Motors и во Оpel е дизајнот на верзијата со три врати максимално да се одвои од дизајнот на
веќе претставениот модел со пет врати.
Тука лежи причината зошто Малком Вард ja најавува
Astra Sport како автомобил со вонземен дизајн. „Новата Astra со три врати ќе биде еден
драматично дизајниран автомобил, чија сериска верзија ќе биде многу блиска до
цртежот што ви го претставувам,” истакнува Вард.
„Новата Astra со пет врати мина преку 600 часа во воздушпен тунел заради фино дотерување
на аеродинамиката,” вели Вард. „Токму затоа таа има ниска потрошувачка и е тивка. Така ќе биде
и со версијата со три врати.”
„Во Opel многу полагаме во ниската потрошувачка и таа тенденција продолжува за сите
нови модели,” заклучува главниот дизајнер на Astra.
Според него новата Astra е значително подобра од актуелниот модел кога е во прашање аеродинамиката.
Предниот браник е поставен под таков агол што го насочува воздухот кон
страниците на автомобилот.
Тука се и специјално изведените зони околу задните светла
кои што го намалуваат влијанието на воздухот што вртложи и се собира зад
автомобилот.
Иако го претставува цртежот и нафрла само куси детали за
новата Astra
Sport, Малком Вард не кажува ниту збор за техничките детали, но и за
деталите на Astra OPC.
Претпоставките се дека и новата Astra OPC ќе го користи истиот 2.0 литарски турбо бензинец кој сега испорачува 240
КС, но за новата генерација снагата би можела да му биде подигната на 250 до
260 КС.
Astra
Sport и Astra
OPC би требало да се појават на пазарот во првата половина
на 2011.
|