Get Adobe Flash player

Воскреснува Porsche 356
28.10.2009
porsche-356-2012-1.jpgПо превземањето на Porsche од страна на Volkswagen почнуваат да се случуваат тектоснки промени кај производителот на спортски автомобили. Една од главните новини е нов малечок Porsche.

Првичната информација е дека во компанијата новајлијата го нарекуваат - нов 356. Шасијата и каросеријата комплетно ќе бидат изработени од алуминиум технологија со која располага Audi.

Всушност новиот 356 ќе биде брат близнак со новиот Audi R4. И двата модели ќе имаат мотор поставен централно во шасијата, но иако поставени на иста платформа дизајнот ќе биде драстично различен што соодејствува со различниот стил на двете марки.

Според зборовите на директорот за маркетинг на Porsche, Клаус Бенинг, 356 ќе биде првиот модел на компaнијата кој ќе ја понесе новата генерација мотори. Се работи за компактен четири цилиндричен боксер мотор со помала зафатнина кој потребната моќност ќе ја добива со помош на турбо полнач.

Во игра кај новиот агрегат е и механички компресор, но одлуката сеуште не е донесена. Интересно е што новиот четири цилиндарец како основа за развој го зема актуелниот 6 цилиндричен боксер на Porsche.

Audi пак ќе се потрпира на своите актуелни мотори кои се вградуваат и во останатите модели на групацијата. Сличностите меѓу 356 и R4 покрај истата шасија се и комплетниот електричен систем дело на инќенерите на Audi, како и клима уредот, основните елементи од потпирањето како попречните водилки и начинот на поставување на спиралните пружини и амортизери.

Од Audi ќе биде превземен и електромагнетниот систем за регулирање на сетапот на суспензијата и уште некои поситни технички детали. Не јасно дали 356 ќе ги користи и менувачките кутии на Audi бидејќи оние што сега се вградуваат во моделите на Porsche: Boxter, Cayman и 911 се прилично скапи.

Ова нема да соодејствува со ценовното позиционирање на новиот 356 кој би требало да стартува со цена од околу 36.000 евра. Цената е далеку под онаа на сегашниот Boxter што значи дека Porsche со 356 ќе ја зголеми продажбата и масовноста на производството кое на крај ќе резултира со остварување на уште повисоки профити.

Плановите велат дека првиот близнак од бракот Audi Porsche ќе се појави на пазарот во 2011. Тоа ќе биде моделот R4, додека за 356 купувачите ќе мораат да почекаат до 2012.

 

 
Get Adobe Flash player