|
Инженерите на Porsche ги прават последните тестирања на новата, втора по ред генерација на Cayenne. Наследникот на успешниот теренец е во завршна фаза на развој и се очекува да се појави наскоро.

Светската премиера на Porsche Cayenne треба да се случи на некој од поголемите автомобилски салони во првата половина од 2010. А на списокот се салонот во Детроит и салонот во Женева.
Овие најнови шпијунски фотографии кои повеќе личат дека се направени од инженерите на Porsche и намерно пуштени на интернет, отколку не некоја добро завршена работа на ловец на автомобили откриваат многу нешта.
Од надвор новиот Cayenne изгледа доста поубаво. Дизајнот е исчистен со мазни линии кои му даваат значително подинамичен настап. Динамиката доаѓа од пониско поставениот кров, помалото задно странично стакло и понакосената задна врата.
Внатре без оглед на покривките може да се забележи дека инструментите се слични на оние кај Panamera, а сличноста се гледа и во исклучително широкиот централен гребен.
Оваа нова генерација на Cayenne е поставена на модификувана платформа на Panamera, а истата ќе ја користи и Volkswagen за втората генерација на Touareg.
Информациите кои доаѓаат од Porsche, а се врзани за Сayenne велат дека инженерите во завршната фаза на развој своите сили ги насочиле кон смалување на тежината која би требало да отиде подолу за 200 kg во однос на актуелниот модел.
Под хаубата на новиот Cayenne треба да работат истите мотори како кај Panamera со систем за директно вбризгување на гориво кои ќе му овозможат пониска потрошувачката и емисија на издувни гасови.
Основната верзија на Cayenne ќе ја задвижува бензинец V6 од групацијата VW којшто ќе има моќност од околу 300 КС, а врвот ќе биде обезбеден за моќниот V8 на Porsche кој во атмосферска варијанта ќе испорачува околу 400 КС, а турбото ќе оди до малку преку 500 КС.
|