|
Далеку пред официјално да и биде претставена на светската јавност новата генерација на Volkswagen Toureg и нејзините ексклузивни фотографии се појавија на пред очите на автомобислките фанови.

За жал ексклузивните фотографии, кои се протечена информации, се само две и се со многу лош квалитет, но сепак го прикажуваат конечниот дизајн на теренецот на Volkswagen кој не претрпува значителни дизајнерски измени во однос на актуелниот модел.
Најголемите новини се однесуваат на предниот дел. Нова е предната маска и предните светла и браникот кои ги следат дизајнерските смерници претставени со шестата генерација на Golf.
Страничната линија на теренецот останува безмалку несменета, со сличните странични прозори и хромирана лајсна по должина на прагот. Дури и хаубата делува како да е од претходникот. Единствено како новина може да се забележи големиот панорамски кров.
Јасно е дека стилски новиот Touareg не отскокнува многу од актуелниот модел. Затоа посуштествени измени одговорните од Volkswagen најавуваат во сферата на техниката.
Конструкцијата на Touareg II ќе биде значително полесна. Се очекува новајлијава да биде полесен за околу 300 kg иако ќе нуди попространа кабина добиена со зголемување на димензиите и меѓуоскиното растојание.
Погонот на четири тркала сеуште е мистерија. Тука исто така се очекуваат новини, но и варијанта која е наменета за оние што сакаат Touraeg да им понуди преформанси на тврдокорен теренец при возење на терен.
Палетата на мотори ги опфаќа постоечките кои се вградуваат во Touareg, но истите ќе бидат модернизирани и би требало да нудат малку повеќе снага и малку помала потрошувачка.
Се очекува Touareg II да биде понуден и со хибриден погон кај кого електромоторот ќе биде спарен со дизел. Истиот погон ќе го носи и новата генерација на близнакот Porsche Cayenne за кого веќе пишувавме.
Најинтересниот податок останува за на крај. Цената на новата генерација на Touareg би требало да биде пониска во однос на актуелниот модел.
Понатаму, Touareg II ќе се појави во последниот квартал од годината што моќе да се види од приложените фотографии, а премиерата е закажана за салонот во Женева.
|