|
22.09.2011 |
|
Од Volkswagen пристигнува информација дека верзиите на Amarok кои ќе се продаваат на пазарите во Европа од почетокот на следната година ќе добијат нов менувач со осум степени на пренос.

Менувачот е автоматски и ќе биде спарен со 2.0 литарскиот турбо дизел со моќност од 180 КС и максимален вртежен момент од 420 Nm. Со него VW ветува подобрување на перформансите и знижување на потрошувачката.
Во комбинација со пакетот BlueMotion кој вклучува систем Start&Stop, систем за регенерирање на кинетичката енергија и гуми со низок отпор на тркалање просечната потрошувачка на пикапот изнесува 7,6 l/100 km.
Намалена е и просечната емисија на јаглероден диоксид од 199 g/km. Максималната брзина изнесува 179 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h изнесува и повеќе од пристојни 8,5 секунди.
Сеуште нема информација за цените, но таа би била незначително повисока.
|