Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW бележи раст во продажбата
16.12.2008
vw-logo-1.jpgКако и кај останатите производители продажбата на Volkswagen во ноември опадна за 16,5%, но сликата за целата година воопшто не е поразувачка напротив.

Заклучно со ноември VW бележи пораст во однос на истиот период минатата година. Со продадени 5,73 милиони автомобили годинава VW бележи раст од 1%.

Во ноември се продадени 447.000 автомобили со логото на VW што е за 16,5% помалку од истиот месец во 2007. Сепак, падот на продажбата на VW е далеку од светскиот просек.

Имено просекот на падот на продажбата во автомобилската индустрија на глобално ниво за месец ноември изнесува 24,5% споредено со истиот месец минатата година.

Според анализите направени од страна на VW, благиот раст на продажбата во единаесетте месеци од годината се должи на добрата продажба на ново растечките пазари.

VW истакнува дека само во Кина од јануари до ноември групацијата продала 931.100 автомобили што претставува раст од 10,1% во однос на истиот период 2007. Голем раст исто така бележат пазарите во Русија и во Индија.

Во Европа од јануари до ноември годинава VW продал вкупно 3,2 милиони автомобили што е за 1,7% помалку од истиот период лани.

Интересно е што во Германија VW продал 967.500 автомобили што претставува благ раст во однос на минатата година, но за разлика од Германија во остатокот од Европа продажбата забележала пад од 6,6% во однос на истиот период минатата година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook