Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW BlueSport останува концепт
16.01.2012

Родстерот на Volkswagen со централно поставен мотор кој пристигна како концепт на салонот во Детроит во 2009 година мамeше надеж кај љубителите дека еден ден ќе влезе во серија.

vw-bluesport-koncept-1-2012-1

Меѓутоа тоа нема да се случи. BlueSport останува концепт заради сомневањето на експертите за маркетинг на VW дека производството на еден ваков автомобил има економска оправданост.

Според нив родстерот на VW не би собрал доволно купувачи ниту во Северна Америка каде барањето за ваков тип на автомобили е најголемо. За да биде економски оправдано годишно треба да се продаваат барем 50.000 примероци.

Бројка која VW BlueSport не би можел да ја оствари. Главниот инженер на концернот Уле Хакенберг наведува дека технички пречки за сериско производство на BlueSport нема, но тој треба да има и економска оправданост.

Ситуацијата околу остварувањето на проектот BlueSport дополнително се усложнува внатре во концернот бидејќи наскоро на пазарот доаѓаат модели со идентичен концепт.

Тоа се новиот мал модел на Porsche, 550 и најавениот мал спортист од Audi, моделот R4. Очигледно е дека одговорните во концернот сакаат да избегнат  канибализам во сосптвената гама на модели.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook