|
Раководството на VW сериозно размислува за сериско производство на концептот Bulli чија сериска верзија место електрични мотори ќе ја задвижуваат класични мотори со внатрешно согорување.

Концептот којшто беше претставен на салонот во Женева во март годинава е реинкарнација на популарниот транспортер од 1960-те и нуди шест места за седење и пристоен багажник.
Причината да се размислува за сериско производство на Bulli е поттикнатa од големиот интерес што го предизвика концептот и големиот број на писма и барања кои пристигнаа на адресата на WV од цел свет.
Доколку тоа се случи Bulli ќе биде поставен на новата MQB платформа на VW и ќе се произведува во фабриката во Пуебла во Мексико на истата производна лента со новaта генерација на Beetle и нејзиниот кабриолет кој доаѓа наскоро.
Според очекувањата на експертите за продажба во VW, конвенционалниот Bulli значително ќе ги зголеми продажбите на марката посебно на пазарите во САД, во Азија, пред се Кина и во Русија.
Ако добие зелено светло Bulli ќе пристигне на пазарот во 2013 година. Оваа информација го одушеви и шефот на дизајн на VW, Валтер да Силва кој истакна: „Како дизајнер убеден сум дека овој модел треба да се произведува сериски”.
|