|
08.10.2007 |
Легендарното комбе на VW кое беше
еден од главните симболи на Хипи генерацијата денес слави роденден. Во чест на VW
BUS во Хановер, Холандија е организирана една голема прослава.
На големата прослава учествуваат преку 3.500 возила кои
покрај името VW BUS носат уште сијасет разни имиња во зависност од
изведбата.
Па така многу често можете да се сретнете со Kleinbus,
Camper, Kombi, Type 2 Bulli… Кај нас вечниот модел на VW најчесто
оди со деминутив во името па така на улица може да се слушне „Еј види
Фолксваген Бувче!”.
Покрај многубројните гости свеченоста во хановер ќе биде
потполнета со настапот на еден од најхипибендовите во тоа време култните The
Who.
Она што е малку познато е дека за првите цртежи за VW
BUS е виновен холанѓанинот Бен Пон. Моделот е нацртан во 1947, а првиот модел
ги напушти погоните во 1950.
 
|