Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW денес решава за понудата од Porsche
11.05.2007
17278Денес ќе заседава надзорниот одбор на Volkswagen околу понудата од Porsche, кој ја поседува главнината од акциите. Се очекува понудата за 100,92 евра по акција да се одбие.


Според германските закони Porsche беше обврзан да даде понуда за откупување на остатокот од акциите во Volkswagen откако го зголеми учеството на над 30 проценти. Контролниот гремиум најверојатно ќе ја одбие понудата од 100,92 евра по акција бидејќи тоа е многу под актуелниот курс на берзата.

Како што се очекуваше обврзувачката понуда од Porsche до акционерите на Volkswagen наиде на мининален одзив. Како што соопшти Porsche, до петокот (4. мај) беа понудени на продажба само 188 акции. Тоа е помалку од 0,01 процент од акцискиот капитал на VW. Експертите очекуваат дека на состанокот ќе се разговара за кооперацијата во комерцијалниот сектор меѓу Volkswagen Nutzfahrzeuge, MAN и Scania.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook