|
11.04.2008 |
Оценет како најдобар во најновата споредба на кабриолети
од влијателниот магазин Consumer Reports, VW
Eos застана на врвот од четири европјани во ценовен ранг од 32.600 до 49.525
долари
Eos ги победи BMW 328, Saab 9-3 и Volvo
C70 кои се оценети како многу добри, а оценката добри ја добија Pontiac
G6, Mitsubishi Eclipse и Chrysler Sebring и се најдоа на дното на списокот.
Пет од седумте кабриолети што биле оценувани имале цврст
подвижен кров, а два класичен мек кров, но сите биле задвижувани електрично.
Нормално секој кабриолет во споредбата имал предности и недостатоци.
На пример цврстите подвижни кровови ја подобруваат
видливоста и безбдноста, но земаат премногу простор од багажникот кога се склопени
и ниту еден од нив неможе да се отвора или затвора додека автомобилот е во
движење.
Понатаму магазинот препорачува само три модели VW
Eos, BMW 328 и Volvo C70, додека Saab 9-3 и Pontiac
G6 не се препорачуваат бидејќи имаат проблеми со издржливоста, а не се
препорачуваат ниту Eclipse, ниту Sebring.
|