Get Adobe Flash player
VW го купува Ssangyong
30.09.2009
vw-ssangyong-logo-1.jpgVolkswagen преговара за купување на корејскиот производител Ssangyong кој минатата година банкротираше и сега врзува крај со крај обидувајќи се да ги одржи производните капацитети.

Се чини дека на Volkswagen купувањето на Porsche не му беше доволно. Аспирациите очигледно се поголеми и списокот на желби сега е дополнет со Ssangyong. Компанија која кон крајот на 2008 буквално ја окупираа вработените и производството застана бидејќи не им биле исплатени месечните примања.

Секако од Volkswagen сеуште молчат околу превземањето на Ssangyong, но преговорите со актуелниот сопственик на Ssangyong кинеската компанија SAIC Shanghai Automotive Industry ја откриваат тајната.

Имено претставниците на Shanghai VW, здружената кинеско германска компанија, и претставниците на SAIC веќе неколку месеци водат преговори за целосно превземање и за спас на Ssangyong.

Според анализите направени од експертите на Volkswagen доколку Ssangyong влезе во групацијата на VW се очекува покрај актуелната гама да произведува и околу 25.000 автомобили од пониска ценовна категорија на годишно ниво со што ќе го зголеми учеството на пазарот во Јужна Кореа.

Постигнувањето на една ваква зделка значи спас за Ssangyong наведуваат од компанијата која сега е задолжена во кредити и отплаќањето на половина од долгот, што е една од точките околу која се преговара, ќе го претвори во капитал, додека останатата половина од долгот ќе мора да се врати во период од 5 години.

Во плановите на Ssangyong за годинава стои продажба на околу 32.000 возила од актуелната гама. Секако планот потфрла значително од зацртаните норми бидејќи во првите седум месеци од 2009 Ssangyong успеал да продаде едвај 13.000 возила. Податок што дефинитивно не ги радува.

 

 

 

Facebook