Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW го најавува Passat Alltrack
24.11.2011

Volkswagen ја најавува светската премиера на теренската верзија на Passat, Alltrack за претстојниот салон во Токио, а во меѓувреме ги објавува првите детали за неа заедно со фотографии.

vw-passat-alltrack-1-2011-1

За него веќе пишувавме како за идеја која би можела да се оствари, а таа станува реалност. Passat Alltrack носи елементи кои ја зголемуваат неговата проодност на терен и има доволно заштита за да се сочува долниот дел од каросеријата од гребење.

Идејата не е нова и функционира и на други модели од концернот како Audi A4 Allroad и Skoda Octavia Scout. Под хауба на Passat Alltrack ќе работат четири мотори два турбо бензинци и два турбо дизели.

Бензинците ги застапуваат 1.8 TSI со 160 КС и 2.0 TSI со 210 КС, додека од дизелите тука е 2.0 литарскиот TDI во изведба со 140 КС и со 170 КС. Погонот може да биде на предни или на сите четири тркала.

Најмоќните изведби 2.0 TSI и 2.0 TDI со 170 КС доаѓаат стандардно со погон на четири тркала 4Motion и со седум степен менувач со две спојки DSG. За другите два мотори овие изведби се добиваат со доплата.

На почеток VW ја дава само просечната потрошувачка на дизелските верзии со погон на четири тркала 4Motion. Послабиот дизел во просек троши 5,7 l/100 km, додека на помоќниот дизел му се потребни 5,8 l/100 km.

Објавените информации се доволни за почеток. VW најавува повеќе детали при официјалната премиера на Passat Alltrack.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook