Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
VW го стопира моделот од вишата класа
30.04.2007
vw_concept-d Новиот шеф во Волфсбург, Мартин Винтеркорн го стопираше моделот од вишата класа планиран за 2009/2010 година, со работно име Tourer.


Ова е за прв пат комплетно да се прекине развој на возило од ерата на поранешниот шеф на марката Volkswagen и на поранешниот главен дизајнер на VW, Мурат Гунак. Марката од Волфсбург имаше план на пазарот да пушти ново мултифункционално возило покрај Phaeton и Touareg. Големиот автомобил требаше да се базира на платформа на Audi и да има шест седишта. Целта беше да се нападне класата R на Mercedes.

Престижниот модел нема да го здогледа светлото на денот, бидејќи има преслаби шанси на пазарот. Ваквото решение е логична реакција на челниците на Volkswagen, со оглед на неуспехот на класата R на Mercedes. И другите планови на марката се проверуваат. На пример спортското купе замислено како наследник на Scirocco, кого минатата година го навести студијата Iroc. Не се менува ништо околу компактниот теренец Tiguan, што ќе доживее премиера на салонот во Франкфурт, во септември.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook