|
25.11.2008 |
Наградата Зелен автомобил на годината во САД се доделува
од 2005 и се однесува на сериските автомобили со најниска потрошувачка и најниска емисија на гасови.
Годинава првпат наградата ја добива автомобил со дизел
мотор, а носителот на титулата е Северно американската верзија на Volkswagen
Jetta за моделска година 2009 со TDI агрегат.
Jetta го носи чистиот турбо дизел 2.0 TDI CR чива
емисија на издувни гасови ги задоволува строгите норми за заштита на животната
средина во САД.
Конкуренти на VW Jetta TDI во изборот за Зелен
автомобил на годината беа и BMW 335d, Ford Fuson Hybrid, Saturn Viuve 2 Mode
Hybrid и Smart ForTwo. Жирито составено до 9 члена меѓу кои се и легендарниот
Керол Шелби и телевизиската ѕвезда Џеј Лено.
Организатор на изборот е магазинот Green
Car Journal кој од 1992 се бори и го поддржува развојот на еколошки
автомобили.
|