Volkswagen планира да потроши многу пари во
годините што доаѓаат со цел да ја достигне зацртаната и важна стратегиска
бројка од 10 милиони произведени возила до 2018.
Веќе пишувавме за нивната стратегија за намалување на
бројот на платформи врз кои ќе бидат поставени народните автомобили во иднина,
а веднаш по оваа информација доаѓа инвестицијата од 9,5 милијарди евра до 2010.
За целата групација на VW ќе бидат
потрошени вкупно 28,9 милијарди евра во наредните три години. Оваа огромна
инвестиција ги покрива сите марки под капата на групата VW,
вклучувајќи ги Skoda, Seat, Audi, Lamborghini, Bugatti, Bentley
и секако Volkswagen.
Од вкупната инвестиција само 3 милијарди евра ќе бидат
потрочени за развој на автомобили. Останатите одат на модернизирање на
капацитетите во Германија.
Дел од оваа инвестиција е и новата фабрика во Калуга,
Русија каде производството стартуваше пред два дена. Таму до пролет 2008 ќе се
склопуваат VW Passat и Skoda Octavia. Потоа
покрај овие два модели русите ќе склопуваат и Skoda Fabia и VW Jatta, а кон
крајот на 2008 и VW Tiguan.
Се очекува до карјот на 2008 во Калуга да бидат
произведени 66.000 автомобили. Во 2009 се очекува дополнување на производната
гама и со VW Polo и пораст на продукцијата на 115.000 возила годишно со
можност за раст и достигнување на максималниот капацитет од 150.000 автомобили
на годишно ниво.
|