|
26.06.2009 |
Се претпоставува дека најголемиот производител на автомобили
во Европа, германскиот Volkswagen размислува да купи дел од акциите на јапонскиот производител на мали
возила Suzuki.
Информацијата доаѓа директно од престижната публикација Manager Magazin која објавува изјава на шефот на VW,
Мартин Винтрекорн каде стои дека компанијата размислува
за соработка со Suzuki поткрепена со купување на дел од капиталот на јапонската компанија.
Најавено е дека одговорните во Волфсбург размислуваат за
купување на 10% од акциите на Suzuki, но оставаат простор за зголемување на понатамошниот удел во компанијата
доколку се создаде потреба.
Идејата била поттикната од интересот на германскиот
гигант за малите платформи на Suzuki,
додека пак јапонците јавиле интерес за дизел моторите на Volkswagen.
За конечен исход сеуште не станува збор иако стартот на
взаемната соработка може да се очекува во блиска иднина.
Минатата фискална година Suzuki ја заврши со дефицит од
4,1% и вкупно околу 2,3 милиони продадени автомобили. Од друга страна пак VW
забележа мал раст и успеа да продаде околу 6,23 милиони возила без оглед на
кризата.
|