Volkswagen ја крена
покривката од последната верзија на оригиналниот мини автомобил концептот up! Кој дебитираше минатиот
месец на салонот за автомобили во Франкфурт.
Новиот
концепт е наречен space up! И во суштина е четири вратна варијанта на
оригиналниот up! и доаѓа со подолго межуоскино растојание и поширока
трага.
Концептот во должина мери 3,68 метри, а неговата ширина
изнесува 1,63 метри обезедувајќи доволно простор за четири патници како и за
моторот сместен од зади.
Кога ќе влезе во серија up! че го задвижуваат бензински, дизел и
електрични мотори и би се појавил на пазарот до 2010. Концептот space up! исто
така има дводелна задна врата зад која се крие багажен простор од 1.005 литри
кога задбата клупа е склопена.
space
up! е окарактеризиран како комплетен четирисед кај кого седиштата можат да се
склопуваат вртат и вадат, а во задната клупа се вградени две седишта за деца.
За да се претворат од седишта за возрасни во седишта за деца, површината за
седење и двата потпирачи за раменици едноставно се преклопуваат и излегуваат од
седиштето.
Во
кокпитот монитор од 8 инчи ги прикажува сите информации за возилото како
брзината, нивото на гориво и колку далеку можете да стигнете со него како и
моменталната емисија на СО2. Во средина на арматурата втор 7 инчен монитор ја
контролира навигацијата, телефонот, радиото и интернет конекцијата.
|