|
13.09.2007 |
Во обидот да го надмине својот главен ривал Toyota, посебно на
богатиот американски пазар, Volkswagen размислува за развој на пикап на база
на Touareg како дополнување на фамилијата минија.
Тоа се 12 мали автомобили што VW планира да
ги претстави во следните три години, за да ја згoлеми продажбата од рекордните 6
милиони продадени автомобили годинава на 8 милиони во 2010.
Претставувањето на пикапот би требало да ја зацврсти
позицијата на VW во САД каде во продажбата доминираатваков тип возила.
Причината за набојот од модели од страна на VW е да се
стигне глобалниот гигант Toyota. Колку за пример минатата година VW продаде
малку под 6 милиони автомобили, а Toyota малку повеќе од 9
милиони.
Бројките кажуваат дека задачата на VW не е ниту
малку лесна. Но, експертите предвидуваат дека е можно да се достигне, па и
престигне Toyota во 2010.
Сепак, ова се храбри изјави
бидејќи разликата е повеќе од 50 проценти, вредност која тешко се анулира. Уште
повеќе ако се знае дека Toyota нема да седи со скрстени раце.
Во ситуација единствено останува да му посакаме среќа на VW во
остварувањето на своите проекти.
|