Get Adobe Flash player

VW Polo e Европски автомобил на годината
01.12.2009

Новата генерација на малиот хечбек на Volkswagen, Polo се закити со престижната титула Европски автомобил на годината за 2010 победувајќи го главниот ривал од Toyota, моделот iQ.

vw-polo-car-of-the-year-2010-2

Интересно е што разликата меѓу победникот Polo и второпласирсаниот iQ изнесува само 10 бода што укажува на фактот дека за победата одлучувале финеси во кои превладеал германскиот конкурент.

Третото место го освои новата генерација на Opel Astra за која ногумина веруваа дека е неспорен фаворит, додека зад неа се пласираше првиот SUV на Skoda, моделот Yeti.

Петото место и припадна на Mercedes E Класа, шестото на Peugeot 3008, а седмото на Citroen C3 Picasso. Така одлучија членовите на жирито, новинари од најугледните европски магазини за автомобили

Да се потсетиме жирито за избор на Европски автомобил на годината е соствено од 58 новинари од 22 европски држави. Секој член од жирито има на располагање 25 бодови кои треба да ги распредели на најмалку 5 автомобили, а максималниот број на бодови што може да се додели на еден автомобил не смее да надмине 10 бода.

Според овие пропозиции седумте финалисти го добија следниот број бодови:

1. Volkswagen Polo 347 бодови

2. Toyota iQ 337 бодови

3. Opel Astra 221 бодови

4. Skoda Yeti 158 бодови

5. Mercedes E Класа 155 бодови

6. Peugeot 3008 144 бодови

7. Citroen C3 Picasso 113 бодови

Така изгледа распоредот по број на бодови на финалистите. Минатата година изборот беше уште потесен. Европски автомобил на годината стана Opel Insignia, додека второпласираната Ford Fiesta беше само на еден бод зад неа.

Европски автомобил на годината за 2008 пак беше Fiat 500.

 
Get Adobe Flash player