|
Volkswagen излезе со официјална информација во која вели дека компанијата подготвува нов мал седан со ниска цена кого производителот ќе го произведува во Русија и ќе го нуди само на тамошниот пазар.

Станува збор за автомобил кој во должина ќе мери 4.384 mm, широк е 1.700 mm и има меѓусокино растојание од 2.552 mm. Колку за споредба новиот Polo има меѓусокино растојание од 2.470 mm, а долг е 3.970 mm и широк е 1.682 mm.
Новиот седан чие име сеуште не се отркива нуди повеќе простор во кабината посебно за патниците на задните седишта и багажник со волумен од серизони 460 литри доволни за потребите на едно четири члено семејство.
Како што вели соопштението на VW седанот ќе има предимензионирана суспензија која со леснотија ќе се носи со лошите патишта во Русија, резервно тркала со нормална големина, двојно поцинкувана каросерија и двојно подобел лак кој ќе биде отпорен на суровите врменски услови кои владеат во Русија.
Под хаубата на седанот ќе работи само еден мотор 1.6 литаркиот атмосферски бензинец на Volkswagen со моќност од 105 КС кој преку мануелен менувач со пет степени или шест степен автоматик Tiptronic ќе ја пренесува снагата до предните тркала.
Од Volkswagen истакнуваат дека овој мотор е одбран бидејќи во серијата тестови се покажал како најпогоден за руските услови на експлоатација. Иако со еден мотор седанот ќе се нуди во три нивоа на опременост Trendline, Comfortline и Highline.
Основното ниво на опрема Trendline нуди ABS, две воздушни перници, возачко седиште кое се мести по висина, имобилизатор, електрика на сите стакла и централно заклучување, борд компјутер и подготовка за радио со инсталирани четири звучници.
Повисоките нивоа на опременост доаѓаат со странични воздушни перници и воздушни завеси, електронска програма на стабилност ESP, греење на предни седишта, клима уред, греење на предното стакло и др.
Цената на основниот модел ќе стартува под 10.000 евра, а производството ќе се одвива во фабриката на Volkswagen изградена во слободната економска зона во градот Калуга.
Премиерата ќе биде во јуни, а првите примероци на купувачите ќе им бидат понудени на почетокот на септември.
|