Get Adobe Flash player
VW Scirocco напорно тестира
07.05.2008
vokswagen-scirocco-racing-1.jpgПодготовките на Volkswagen за претсотјната трка 24 часа Нирбургринг се во полн ек. Новата машина со која ќе се атакува на фамозната патека е новиот Scirocco за кого пишувавме претходно.

Тестирањето се врши на патеката во Ошерслебен и откако инженерите за мотоспорт во VW ги поддесија сите параметри на автомобилот започна неговиот најголем предизвик, тестот на издржливост.

Зад воланот на тркачкиот Scirocco по Ханс-Јоаким Штук се најде фабричкиот возач на VW Дитер Депинг.

„Новиот Scirocco беше во елемент од првиот круг низ Нордшлајфе, воедно автомобилот возеше совршено и без проблеми и на исклучително тешката патека во Ошерслебен,” изјави директорот на Volkswagen Motorsport, Крис Нисен.

„Нашите инженери завршија одлична работа бидејќи тркачката верзија на Scirocco беше подготвена во рекордно време и функционира безгрешно. Но, останува да видиме што ќе се случува на Нирбургринг. Сепак, една 24 часовна трка е безмилосен тест и за возачите и за машината,” заклучува Нисен.

Трката на издржливост 24 часа Нирбургринг се вози на 24/25 мај, а на стартот е се појават дури 220 автомобили од кои три VW Scirocco, со следната возачка постава: Карлос Сајнц, Жиниел де Вилие, Дитер Депинг, Ханс-Јоаким Штук, подмалдокот во фабричкиот тин на VW - Џими Јохансон, исто така младиот Томас Муш, Франсоа Вербист, Др. Улрих Хакенберг, новинарот од Auto Moto und Sport - Бернд Остман и новинарот од Motormagazin – Матијас Малмедие.

А како подготовка за напорната 24 часовна трка Карлос Сајнц, Жиниел де Вилие, Др. Улрих Хакенберг, Бернд Остман и Матијас Малмедие ќе се натпреваруваат на кусата трка на издржливост 4 часа Нирбургринг со два Golf GTI R-Line која се вози на 10 мај.


 

 

 

Facebook