По првите официјални фотографии следуваат и првите
официјални податоци околу толку долго очекуваниот Scirocco кого го
нарекуваат практичен спортски автомобил.
За да го оправда дадениот епитет Scirocco нуди
напредна технологија, простран ентериер, висок комфор и нов седум степен DSG менувач.
Со должибна од 4,26 метри Scirocco е еднаков на еден Golf, но е
значително понизок и поширок, елелменти кои му даваат помускулест изглед.
Scirocco нуди доволно место за удобен превоз на четири патници и
нивниот багаж, но може да биде и подеднакво варијабилен кога е во прашање
превоз на погломазни предмети. Со соборување на задните седишта се добива
корисен транспортен волумен од 775 литри.
Scirocco ќе го задвижуваат познатите бензинци TSI и дизел TDI сите со
директно вбризгување и турбо надполнење. Трите TSI мотори
остваруваат моќност од 122, 160 и 200 коњски сили, додека 2.0 литарскиот дизел
останува на 140 КС.
Снагата се пренесува на асфалтот преку предните тркала и
преку шест степен мануелен менувач или седум степен DSG како
опција. Најмоќната верзија со 2.о литарскиот турбо бензинец кој испорачува 200
коњски сили и вртежен момент од 280 Nm забрзува до 100 km/h за 7,2
секунди и достигнува максимални 235 km/h со просечна
потрошувачка од 7,6 литри.
Сите верзии на Scirocco се опремени со 17
инчни леснометални бандажи, спортски седишта, комплетна безбедносна опрема и адаптибилна контрола на суспензијата која има
три модуси на работа, Normal, Comfort и Sport.
Се очекува Scirocco да пристигне во
продажните салони на лето барем што се донесува до Европа, додека остатокот од
светот ќе мора да почека до крајот на годината или евентуално почетокот на
2009.
|