|
07.03.2008 |
Вака гласаа преку 40 милиони читатели на групацијата Auto
Bild и голем број на автомобилски ескперти и на новиот SUV на Volkswagen, Tiguan му ја
доделија наградата Auto Trophy 1.
Пред гласачката публика и жирито од автомобилски експерти
беа исправени дури 74 модели од различни марки. И покрај големата конкуренција
Европа на крај го изгласа Tiguan за Најдобар SUV на стариот
континент.
Наградата беше доделена на штандот на Volkswagen
на салонот во Женева и стана една од повеќето награди што Tiguan ги понесе
пред неговото пристигнување на македонскиот пазар.
|