|
20.11.2007 |
Паралелно со претставувањето на space up! VW го
претстави и својот најнов SUV под името Tiguan HyMotion кого исто
така го задвижуваат горивни ќелии.
Инженерите во VW своите горивни
ќелии што работат на висока температура ги вградија во Tiguan и го
пријавија за да се натпреварува на годинешниот Michelin
Challenge Bibendum.
Како што е познато овој настан има за цел да го промовира
развојот на мобилните системи кои ја чуваат животната средина.
Системот на високо температурни горивни ќелии во
развојниот проект Tiguan HyMotion го задвижуваат електричниот мотор кој
произведува 135 коњски сили, има нула емисија на издувни гасови.
Со помош на својот двигател Tiguan HyMotion забрзува
до темпо 100 за пристојни 14 секунди и оди до максимални 150 km/h. Tiguan
HyMotion дополнително користи систем за враќање на енергијата при сопирање која
служи за дополнување на литиум-јонските батерии.
|