|
29.06.2007 |
Volkswagen ги откри првите официјални фотографии
од својот Tiguan. Новиот компактен 4х4 ќе се појави во продажба на
почеток од 2008, а ќе биде претставен на салонот во Франкфурт.
Малку поголем од компактниот MPV Touran,
Tiguan мери 4,4 метри во должина, 1,8 метри во ширина и 1,6 метри во височина.
На почеток Tiguan ќе се нуди само со
два мотори 2.0 литарскиот TDI со 140 коњски сили и 1.4 литарскиот бензинец TSI со 150
коњи. Подоцна на располагање ќе бидат уште еден дизел со 170 КС и два бензинци.
И двата дизели ги задоволуваат строгите норми за издувни
гасови Euro 5 кои стапуваат во сила во 2009 година.
Со стартот на продажбата ќе се нудат три верзии S, SE
и Sport, сите со погон на четири тркала 4-MOTION
и агол на пристап од 18 степени. Бројка ја означува косината на која може
да и се пристапи под прав агол.
Купувачите кои ќе сакаат поголеми теренски способности
можат да го изберат моделот со покуса муцка со агол на пристп од 28 степени.
Овој модел доаѓа со маска која воедно делува како штитник за ладилникот,
заштита под моторот и на подвозјето, контрола за спуштање по надолнина и
најважното за снаоѓање во пустелија компас.

|