|
Volkswagen ги објави првите официјални фотографии од верзијата на Up! со пет врати која ќе биде попрактична од својот брат со за пар помалку врати, но затоа ќе биде и малку поскапа.

Освен дополнителниот пар врати попрактичната изведба на Up! во ништо не се разликува од кршачот на мразот. Моторот останува ист, а исто така и техниката и напредните системи кои се вградуваат.
Станува збор за 1.0 литарскиот тирцилиндричен бензинец со технологија BlueМotion која вклучува и систем Start&Stop и во зависност од изведбата остварува 60 или 75 КС и во просек троши 4,2 до 4,3 литри на 100 километри.
Димензиите се слични на оние на верзијата со три врати, затоа е олеснет пристапот на задните седишта кои нудат место за глава од 95 сантиметри и место за колена од 85 сантиметри.
Багажникот ослободува 251 литри волумен кој може да нарасте до 950 литри со соборени задни седишта. Продажбите стартуваат на лето. Цената на Up! со три врати во Германија стартува од 10.325 евра, додека за верзијата со пет врати се доплаќа 475 евра.
Се очекува од Seat и од Skoda да го следат примерот.
|