|
Bentley има големи амбиции со најавениот SUV кој според марката би требало да биде водечки во својот сегмент и воедно да биде најлуксузниот голем теренец на светот и прв од ваков вид со мотор W12.

„Ќе бидеме првиот производител на автомобили на светот кој под хауба на еден луксузен SUV ќе смести бензински W12,” вели задоволно шефот на Bentley, Волфганг Дурхајмер и надополнува:
„Ми се допаѓа оваа идеја со која ќе покажеме чив автомобил е најдобар во својот сегмент.”
Моторот ќе биде нова генерација на веќе постоечкиот W12 којшто се вградува во семејството Continental. Според Дурхајмер W12 има јасни предности над V12, но под хауба на теренецот на Bentley ќе има место да се смести и еден V12.
Станува збор за моќниот дизел на Audi, V12 TDI, па така теренецот на Bentley ќе биде првиот модел на марката во кого сериски ќе се вградува дизел мотор. V12 TDI исто така ќе биде нова генерација на постоечкиот кој работи во Q7 V12 TDI.
Целиот проект ќе се најде во рацете на новиот инженер во Bentley, Ролф Фреш кој доаѓа директно од Porsche и има големо искуство на ова поле бидејќи работел на развојот на Porsche Cayenne.
Дурхајмер наведува дека 99% од луѓето кои поседуваат Bentley во својата гаража имаат теренец како Cayenne, Range Rover, Q7 или некој друг соодветен модел, но ниту еден од нив не им дава на клиентите ништо посебно.
Сега со својот SUV, Bentley ќе го направи токму тоа. Ќе понуди нешто посебно.
|