Get Adobe Flash player
Wiesmann Roadster MF5
17.09.2009
wiesmann-roadster-mf5-1.jpgГерманската мануфактура Wiesmann од која излегуваат диви и бесни автомобили во Франкфурт го претстави својот најнов модел Roadster MF5 создаден врз основата на MF5 истоименото купе.

Иако белата боја на каросеријата и црвената внатрешност заедно со кровот и леснометалните бандажи од 19 инчи совршено и одговараат на премиерната изведба, веруваме дека многу од идните сопственици на Roadster MF5 ќе се одлучат за некоја своја уникатна комбинација која што во Wiesmann со задоволство ќе им ја исполнат.

Секако оние што сакаат да седнат зад волан на Roadster MF5 ќе мораат да побрзаат бидејќи производителот најавува дека ќе бидат произведени само 55 примероци.

А зошто некој би се залетал токму за Roadster MF5?

Затоа што ќе ужива во рачно изработен автомобил тежок 1.395 kg со спортски возни карактеристики набиен со современа технологија поставена во монокок шасија изработена од алуминум со соодветни зајакнувања на патничкиот кафез ако така може да се нарече кокпитот на Roadster MF5.

За заштита на возачот и совозачот служат и воздушните перници кои се отвараат во две фази во зависност од силината на ударот, а од активните безбедносни системи тука се електронската контрола на стабилност и контролата на тракција.

Сето ова е потребно за да се скротат 507 КС кои атмосферскиот V10 познат од BMW M5 ги испорачува на задните тркала преку 7 степениот SMG менувач, овозможувајќи му на Roadster MF5 да ги катапултира патниците до темпо 100 за 3,9 секунди и да ги одвезе до максимална брзина од 310 km/h.

Оние што ќе сакаат да уживаат во возењето на родстер скроен по сопствена желба при брзини поголеми од три глави ќе мораат да се одвојат од своите тешко спечалени 189.500 евра, колку што изнесува цената на основната верзија на Roadster MF5.

 

 

 

 

Facebook