Get Adobe Flash player
XR-3: Надвор од реалното
04.06.2007
xr-3lАнгличанецот Роберт Кју Рили не би требало да е личност од реалноста. Тој е како некој луд професор кој со своите идеи случајно излегол од страниците на некој стрип и зачекорил во реалноста.

Иноватор на еден куп работи што ретко кога се потребни, како подморница за еден човек, високо перформансен хуверкрафт, лежечки велосипед...

Последниот упад на Рли во слободното размислување е Personal Mobility Vehicle со тежина од 590 килограми кое е способно да мине 100 километри со 2,26 литри доколку вози само со дизел, или пак потрошувачката да ја самли на не реални 1,25 литри доколку на дизелот му помага и вградениот електричен мотор.

XR-3 – 3 не е за зелену туку за три тркала – користи литиум јонски батерии за задвижување на предните две тркала и дизел од 23 КС кој го врти задното тркало.

Погонот се префрла по желба на возачот. Значи можете да возите само на електрика со преден погон, само со дизел со заден погон или комбинирано со погон на сите тркала во зависност од потребите за брзина, штедливост и тракција.

Она што највеќе одушевува кај XR-3 е што го правите сам. Китовите за ова возило ќе бидат на располагање веќе од овој месец.
 
Интересно е да видиме колку купувачи ќе се одлучат да го остварат лудиот сон на Рили.

xr-3rlrobertqriley

 

 

 

Facebook