citroen-c4-aircross-1-2012-1
Citroen C4 Aircross е на праг

Citroen ја проширува својата гама со кросоверот С4 Aircorss чија светска премиера ќе се случи на салонот во Женева

 
Get Adobe Flash player
Yamaha ќе прави мотори за Toyota iQ
15.10.2007
toyota-iqНајверојатно сериската верзија на неодамна претставениот концепт Toyota iQ ќе биде првиот модел од групата на мали автомобили што ги планираат и VW, BMW и GM.

Овие три производители се голема конкуренција за Toyota. Јапонскиот производител ќе треба да понуди нешто навистина исклучително доколку сака да извојува убедлива победа.

За таа цел Toyota соработува со Yamaha во развој на нов мотор со зафатнина од 1.0 литар кој всушност има мотоциклистичко потекло и кој најверојатно ќе го задвижува интелигентното супер мини iQ.

Целава работа околу производството на iQ е во поодмината фаза бидејќи во Toyota и Yamaha веруваат дека ќе почне во средина на 2008, а првите автомобили на европско тло ќе згазнат во 2009.

Конфигурацијата на седиштата кај iQ и понатаму останува 3+1 на должина од 3 метри како што беше прикажано на концептот во Франкфурт.

За iQ се планира масовна продукција од околу 100.000 автомобили годишно од кои дури 80 поценти се планирани за продажба во Европа, а само 20 проценти за во Јапонија.

Сеуште не е јасно каде ќе се произведува овој евтин автомобил. Се претпоставува дека тоа ќе биде Индија.

 

 

 

Facebook