|
01.06.2007 |
Тoyota повикува во сервис 166.533 сопственици на Yaris. Проблемот се слабите пружини во лежиштата за потпирачите за глава напред и назад, поради што тие може да се откачат при судир.
Другиот проблем е пресилниот шев на платното на седиштата што може да го попречи целосното отворање на страничната воздушна перница. Возилата се произведени во периодот од 4 ноември 2005 до 31 јули 2006 (задни потпирачи), односно од 4 ноември 2005 до 3 февруари 2006 (предни потпирачи). Возилата со проблем со страничната воздушна перница се произведени во периодот од 4 ноември 2005 до 20 февруари 2006.
|