|
Минаа времињата кога во Русија за да се дојде до нов автомобил требаше да се запишете на список и да чекате 10 години, или барем така се чини кога е во прашање првиот руски plug-in хибрид.

Во случајот не станува збор за проблеми во производството туку за остварување на масовната побарувачка. При официјалното претставување на Ë-мобил во месец мај за само 24 часа беа примени 41.000 нарачки.
Но, побарувањата не застанаa тука. Сега од компанијата ё-АВТО пристигнува информација дека се нарачани вкупно 100.000 примероци од Ë-мобил и тоа се случило во првата седмица по премиерата.
Сепак, во ё-АВТО чекале потврда на резерваците за да истапат со оваа неверојатна информација. Ова значи дека според сегашните планови за производство ќе требаат 10 години за да се оствари бројката.
Така сто илјадитиот купувач ќе чека на Ë-мобил цела декада. Секако ова ќе ги натера одговорните во компанијата да ги сменат плановите за градба на погони и за производство кое беше најавено да стартува кон средина на следната година.
Што се однесува до лудувањето по Ë-мобил тоа е разбирливо бидејќи цената на наејвтинот модел стартува од околу 9.000 евра, а најскапиот чини околу 12.300 евра и доаѓа полн како брод со опрема.
|