Состанокот на кој ќе се разговора за иднината на разоткриениот
и наголемо критикуван претседател на FIA, Макс Мозли ќе се
одржи на 3. јуни потврдија од федерацијата.
На состанокот кој ќе се одржи во Париз ќе присуствуваат
сите членови на генералното собрание на FIA каде ќе се
разговара како што изјави портпаролот на федерацијата за „огромната
заинтересираност кој следеше по очигледно нелегалната инвазија на приватноста
на Мозли”.
Понатаму во изјавата се вели дека „заседавањето на
генералното собрание вклучува и тајно гласање за изгласување на доверба или за
отповикување на функцијата претседател на FIA”.
Мозли најави тужба за британскиот таблоид News
of the World за прикажување на содржината од филмот снимен со пет
проститутки, а процесот ќе започне со пет дневно судско сослушување некаде во
јули годинава.
Се чини дека Мозли ја изгуби првата рунда од битката. Неговите
адвокати најавија дека да се расправа околу видеото кое во два дена го виделе околу
1,5 милиони посетители е биде напроно и тешко.
На барање на неговите адвокати видеото во траење од 90
секдуни да се тргне од интернет страницата на магазинот, Високиот суд во Лондон
донел одлука дека да се укине видеото со Мозли би било залудно поради веќе
огромниот публицитет што ја следи приказната.
Поради ова филмот кој на кратко беше симнат од страницата
на магазинот наскоро ќе се појави пак што го потврдија одговорните во една
своја изјава.
|