Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Заборавен кабриолет од BMW
03.11.2009
bmw-m5-e34-kabrio-1989-1.jpgБаварскиот производител по повод прославата 25 години од создавањето на одделот М од каде излегуваат волци во јагнешка кожа меѓу автомобилите прикажа нешто до сега невидено.

Се работи за кабриолет изработен на основата на BMW M5 – Е34 од 1989 година кој требало да се појави на пазарот, но со одлука на раководството на компанијата готовиот модел бил повлечен.

Одлуката за повлекувањето паднала само една седмица пред планираната светска премиера на спортскиот кабриолет спремен за сериско производство која била закажана за салонот во Женева во март 1989.

Според плановите на компанијата во Женева требале веднаш да стартуваат и со примање на нарачки за кабриолетот BMW M5, но одеднаш работата земала поинаков тек.

Дури сега во BMW откриваат дека кабриолетот М5 не е пуштен во серија заради опасност од канибализам со уште еден модел. Односно нарушување на продажбата на кабриолетот од Серија 3 и М3 Cabrio која одела и оди одлично.

Значи Тројката и пресуди на Петката.

Перформансите на кабриолетот М5, BMW повторно не ги открива иако го претстави моделот. Сепак, ако се свртиме кон седан верзијата на BMW M5 – E34 од 1989 можеме да се добие каква-таква претстава.

BMW M5 – E34 под хаубата пакуваше реден шест цилиндричен атмосферски бензинец со зафатнина од 3.5 литри кој на задните тркала преку пет степен мануелен менувач испраќаше здрави 315 КС.

Наведените коњски сили се доволни за спортскиот седан да може да спринтува до 100 km/h за 6,3 секунди и да достигне максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h.

Интересно е што на една од фотографиите покрај кабриолетот М5 од 1989 стои и комби верзија на следната генерација на Серија 5 со типска ознака Е39. Се работи за комби верзија на BMW М5 – E39 која исто така не стигна до купувачите.

Автомобилот кому му фалело малку да стигне до сериско производство место во салон завршил во музеј заради како што велат во BMW две причини. Првата е проблем со задната оска.

Според инженерите на BMW проблемот што се јавил кај комбито заради поголемата тежина во задниот дел на автомобилот бил сериозен, но не и нерешлив.

Сепак, неговото решавање ќе повлечело многу пари што на крај ќе ја ставело под знак прашалник исплатливоста на проектот. Воедно ова е и причина број два бидејќи истражувањето на експертите за маркетинг во BMW се покажало дека интересот за комби М5 ќе биде премногу мал за да се оди до крај со развојот и за да се стартува сериско производство.

Така комбито кое како и седанот М5 – Е39 под хаубата пакува 5.0 литарски V8 атмосферски бензинец кој остварува 400 КС и максимален вртежен момент од 500 Nm завршува во музеј.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook