Get Adobe Flash player

Загина главниот тест возач на Toyota
25.06.2010

Главниот тест возач на Toyota, Хирому Нарусе загина зад волан на супер спортскиот автомобил на Lexus LF-A Nirburgring Edition, при судар со едно BMW на спореден пат крај легендарната патека.

sudar-lexus-lfa-bmw-2010-1

Инцидентот се случил на двонасочен пат отворен за јавен сообраќај при директен судир меѓу Lexus LF-A Nirburgring Edition и BMW, најверојатно новата Серија 5, и во инцидентот загинал маж на возраст од 67 години.

Тешката сообраќајна незгода се случила на само неколку километри од патеката во Нирбургринг каде јапонските инженери и тест возачи го тестирале специјалното издание на својот супер спортист Lexus LF-A.

Полицијата подоцна утврдила дека станува збор за Хирому Нарисе. Според нивниот извештај портокаловиот Lexus LF-A Nirburgring Edition завлегол во спротивната коловозна лента во обид да го улови свијокот со висока брзина и директно се судрил со патничкиот автомобил BMW.

Се претпоставува дека и во автомобилот на BMW се возеле тест возачи и инженери на производителот од Минхен. Тие се хоспитализирани со тешки повреди и сеуште се наоѓаат во животна опасност. Причините за оваа тешка сообраќајна несреќа сеуште се утврдуваат.

Според последното интервју дадено на 26 мај годинава се чини како Хирому Нарусе да си ја предвидувал смртта.

„Кога го возев LF-A на елипсовидната патека во Нардо, Италија каде се обидувавме да ја утврдиме максималната брзина на автомобилот си помислив дека моќеби нема да се вратам жив во Јапонија,” изјавил Нарусе.

„Ги правам овие опасни тестови за да го утврдам однесувањето на автомобилот при постојана брзина од преку 320 km/h. Тестирањето го правевме во текот на ноќта. Се движев со брзина од преку 300 km/h, замислете си што ако некоја од гумите попуштеше и пукнеше во тој момент!”

„Овие тестови се опасни, тука нема двојба, но се составен дел од процесот на создавање на еден супер спортски автомобил како што е Lexus LF-A,” заклучил Хирому Нарусе во своето последно интервју.

Инаку Хирому Нарусе покрај тоа што беше главен тест возач на Toyota, тој беше и шеф на Gazoo Racing, фабричкиот тјунер на Toyota и личен возач на претседателот и извршен директор на Toyota Motor Corporation, Акио Тојода.

 
Get Adobe Flash player