|
Одговорните во автомобилското одделение на јапонскиот производител Honda мораа да донесат тешка одлука со која се запира продажбата на моделот Civic на домашниот пазар заради слаба побарувачка.

Секако продажбата не секнува веднаш. Дилерите ќе можат да ги продаваат автомобилите кои се наоѓаат на лагер и останатите веќе нарачани количини, но по нив актуелната генерација на Civic повеќе нема да се нуди во Јапонија.
Останатите пазари немаат таква рестриктивна политика посебно во Европа и во САД бидејќи Civic сеуште ги скокотка европјаните и американците. Civic на останатите пазари ќе се задржи се до појава на новата генерација.
Очигледно е дека јапонските купувачи се имаат заситено од актуелниот модел и бараат нешто ново. Civic за првпат е претставен во 1972 година и оттогаш до денес низ разните варијанти се продадени преку 3 милиони примероци само во Јапонија.
Меѓутоа времињата се менуваат. Па така во налет на популарните миниванови кои се вистинска замена за компaктните седани во семејствата, седан верзијата на Civiс престана да ги интересира јапонците.
Во текот на минатиот месец во Јапонија се продадени само 452 примероци од седан изведбата на Civic, од кои 270 и припаѓаат на верзијата со хибриден погон. Civic седан ќе продолжи да се произведува во фабриката на Honda во Сузука, но само за извоз.
|