Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Зелена мамба од Германија
27.10.2011

Германската мануфактура CCG Automotive скромно го претстави својот нов модел кого го нарекува CustomGT и на чив развој малата група на инженери, дизајнери и техничари работела цели две години.

ccg-customgt-1-2011-1

Како што велат во CCG најважен момент кај CustomGT е името Custom кое означува дека автомобилот ќе се изработува рачно по нарачка на клиенти и ќе нуди повеќе модификации во зависност од желбите на нарачувачот.

Инженерите за шасијата на CustomGT предвиделе два мотори V8 на Chevrolet, помалиот со зафатнина од 6.0 литри со 450 КС и 560 Nm и помоќниот од 7.0 литри со моќност од 550 КС и максимален вртежен момент од 605 Nm.

Тука не застануваат опциите бидејќи е предвидено CustomGT да вози и на течен нафтен гас LPG со што би се задоволиле нормите за издувни гасови Euro 5. Ако вози на бензин задоволува само Euro 4.

Моторот е поставен центрлно во шасијата, а моќноста се пренесува на задните преку модификуван шест степен менуелен менувач на Porsche и варијабилен самозаклучувачки диференцијал со можност за заклучување од 45% до 85%.

Како опција се нуди и секвенцијален менувач донесен директно од светот на мотоспортот бидејќи CCG го нуди CustomGT и во опција спремна за трка. Затоа автомобилот е скроен околу просторна рамка со исклучително цврст кафез.

При тоа користени се материјали како легиран челик, фиберглас и карбон-фибер одредени според нормите на FIA кои овозможуваат лесна градба и голема цврстина и отпорност на увивање.

Во зависност од изведбата CustomGT тежи меѓу 960 и 1.040 килограми на должина од 4.356 mm, ширина од 1.880 mm и висина од 1.016 mm, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.565 mm.

Спринтот до 100 km/h CustomGT го исполнува за 3,5 секунди во зависност од изведбата, додека да стигне до 200 km/h му се потребни 9,9 секунди. Максималната брзина исто така варира меѓу 285 km/h и 320 km/h.

Суспензијата поддесива во повеќе правци ја испорачува специјалистот KW, додека сопирачките со вентилирани и бушени дискови кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти напред и четири клипни назад доаѓаат од MOV`IT.

Цената права ситница. За овој рачно изработен суперавтомобил скроен по ваша желба треба да се издвојат од 113.500 евра.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook