|
Шефот на Porsche, Матијас Мулер, го изнесе официјалниот став на компанијата каде стои дека новиот мал родстер кој е идеолошки наследник на Porsche 356 добива зелено светло за производство.

Според Мулер родстерот ќе биде автомобил со кого ќе почнува понудата на Porsche. Тој ќе биде модерна верзија на славното „James Dean Porsche” и се очекува по него да лудуваат и постоечките и новите клиенти на Porsche.
Иако е идеолошки наследник на Porsche 356 родстерот нема да има ретро стил. Напротив тоа ќе биде еден современ автомобил изграден околу алуминиумска шасија со централно поставен мотор.
Шасијата е веќе подготвена и е развиена од инженерите на Audi. Неа ќе ја користи и родстерот на Audi кој ќе ја носи ознаката R4. Интересно шефот на Porsche не ги споменува родстерите на Volkswagen и Skoda за кои исто така кружат гласини.
Моторот Боксер и припаѓа на новата генерација мотори на Porsche, има четири цилиндри и зафатнина од 2.5 литри. Ќе постојат две варијанти атмосферска и со турбо натполнење која ќе испорачува околу 360 КС.
Овој мотор треба да се појави и во новата генерација на Boxter и Cayman. Мулер ја наведува и цената на новиот мал родстер која ќе стартува од околу 40.000 евра со што се потврдуваат претходните најави.
|