|
27.12.2007 |
Векторските распределувачи на вртежен момент кои го
распределуваат моментот меѓу две тркала на иста оска ги среќаваме само кај
скапите возила со погон на четири тркала или супер спортските автомобили.
Но, сето ова набрзо би требало да се смени благодарение
на компаниите специјализирани за развој на трансмисиони системи ZF и GKN. Тие во
моментов работат на нов систем за задната погонска оска наречан VectorDrive кој
подоцна ќе може да се постави и кај возилата со погон на задни тркала и кај
возилата со погон на четири тркала.
GKN ќе снабдува електро мотори, систем за електронска
контрола и модули за програмирање на VectorDrive, а ZF ќе го
склопува и ќе го изпорачува комплетниот склоп до клиентите.
Како работи VectorDrive. Кога се вози
право, задната оска со векторски распределувач на вртежниот момент се однесува
како обичен отворен диференцијал каде погонот се распределува рамномерно на
двете соседни тркала. Промена настанува во свијок кога вртежниот момент почнува
да се респределува за секое тркало поединечно. Тогаш целиот пренос го
контролира повеќе ламелна диск сопирачка поставена во задниот диференцијал,
која бележи разлика во аголната брзина меѓу тркалата и евентуални пролизгувања
на некое од нив и автоматски го прилагодува испорачувањето на вртежниот момент.
Една од првите компании која веќе се наоѓа на списокот за
испорака на VectorDrive, претпоставувате е BMW, но сеуште
нема збор во кои модели ќе биде вграден. И најверојатно VectorDrive ќе се
најде во спрега со осум степениот автоматски менувач што ZF веќе го
развива за Баварците.
|