Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Жан Тод: „Безбедноста е на прво место”
09.02.2012

Во рамки на глобалната кампања за подобрување на безбедноста во сообраќајот, Жан Тод, претседателот на Меѓународната федерација на автомобилски клубови - FIA, ја посети и Македонија.

jean-todt-mkd-1-2012-1

Потребата од подобрување на безбедноста во сообраќајот е глобална. Бројките зборуваат дека годишно во светски рамки во сообрќајни незгоди гинат преку 1.3 милиони луѓе, а со повреди се здобиваат преку 50 милиони. Овој тренд за жал место да опаѓа расте.

Предвидувањата се дека во годините што доаѓаат годишниот баланс на жртви во сообраќајот ќе се искачи на преку 2 милиони, а бројот на повредени на преку 80 милиони. Статистиката во Македонија вели дека во просек имаме 8 жртви од сообраќајна незгода на 100.000 луѓе, процент кој се смета за многу висок.

Токму затоа потребна е едукација прво на најмладите кои се и најранливата група во сообраќајот, потоа добар систем на обука на нови возачи и систем за дообука на оние кои веќе возат и техничка исправност за безбедни возила.

Работата на овој план во Македонија е почната. Отворен е посебен републички одсек за безбедност во сообраќајот од чија работа Жан Тодт е посебно изненаден и задоволен бидејќи според него реткост е олку мала држава да одвојува средства за една ваква работа.

Кај нас преку своите домаќини Авто Мото Сојуз на Македонија, Жан Тод имаше можност директно да се запознае со безбедносната ситуација во сообраќајот и со активностите за нејзино подобрување каде на исто поле соработуваат АМСМ, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот секретаријат за безбедност во сообраќајот.

Жан Тод ја истакна потребата од создавање на една тркачка арена која нема да му служи само на мотоспортот, туку ќе служи и за едукација на најмладите и воедно ќе биде расадник за идните спортисти. Ако фудбалерите можат да имаат стадион, зошто тогаш тркачите да немаат патека.

Претседателот на FIA во кусата посета се запозна и со работата на АФМ – Автомобилската Федерација на Македонија, која веќе подолго време кубури со развој на мотоспортот кај нас, но очигледно е дека не го засегаат внатрешните проблеми на федерацијата.

Она што го засега е безбедноста. Тод ја поздравува иницијативата за вовед во сообраќајот на групата постари малолетници на возраст од 16 години бидејќи како што вели „возачот треба да се гради од мал”, но за да успее една ваква програма по примерот на западните држави потребен е систем којшто ќе има целосна контрола и на време ќе ги предвидува и исклучува евентуалните проблеми.

На крај Жан Тод со министерката Гордана Јанкуловска и со претседателот на АМСМ, Спасе Јовковски потпиша меморандум за соработка помеѓу Авто Мото Сојузот на Македонија, Министерството за Внатрешни работи на РМ и AfRS - Акција на FIA за безбедност на патиштата.

Круна на посетата на Жан Тод беше доделувањето на Дијамантска Кацига на најуспешниот македонски тркач, мајстор на воланот и повеќекратен шампион, Крсте Трајковски, кој зад себе има три златни кациги.

(Златна Кацига се добива за освоени три шампионски титули едно по друго, или вкупно пет шампионски титули ако не се освоени едно по друго. Третата Златна Кацига се крунисува со дијамант)

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook