|
Веднаш откако ги објави првите официјални фотографии и податоци за верзијата на Up! со пет врати, Volkswagen најавува дека жешката верзија на Up! крстена со наставката GT влегува во серија.

Малата бомба на четири тркала ќе го пакува истиот 1.0 литарски три цилиндричен бензинец кој заради потребите е навиен на 110 КС и е спарен со мануелен менувач со шест степени на пренос.
Up! GT како што треба да гласи името на лутково ќе има погон на предна оска, а ќе се нуди само во варијанта со три врати. Карaктеристично за напумпаниот Up! GT се неколку детали кои го разликуваат од обичниот брат.
Ова важи за специјално скроената бисерно белa боја која во VW ја нарекуваат Oryx White, за агресивните браници од кои предниот е опремен со светлечки диоди за возење дење и големи отвори за довод на воздух.
Задниот браник, пак, носи стилски изведен дифузор во дното од чии краеви штрчат две хромирани издувни цевки. Како надополна служат леснометалните бандажи со дијметар од 17 инчи и со единствен дизајн како снегулка.
Се очекува брзо по појавувањето на верзијата со пет врати, на пазарот да се појави и лутата изведба на VW Up! GT.
|