Audi Q5 е годинешниот победник на изборот и носител на наградата
Златен Волан во својата категорија. Со освојувањето на оваа награда Q5 го потврди
минатогодишниот успех на Audi A4.
Една од најпрестижните награди во автомобилската индустрија
ја прими претседателот на управниот одбор на Audi, Руперт
Штедлер. „Ова е извонреден успех како за Audi Q5, така и за
целaта марка Audi. Според мене ова е признание за одлично завршена работа
на нашиот тим,” изјави Штедлер на доделувањето на наградите.
„Нашиот Златен Волан докажува дека овој автомобил освен
со мојата се здоби и со довербата на жирито,” заврши Штедлер.
Членовите на жирито составено од светски познати
личности, експерти за техника и професионални рели возачи и тркачи повторно ги
подложија кандидатите на ригорозни тестови, секој според своите барања и на
крај донесоа заклуок кој вроди со доделување на наградите Златен Волан.
Audi Q5 успеа да ги освои не само со ентериерот, комфорот и
просторноста, туку и со возните својства и варијабилноста. Високи оценки доби и
за дизајнот на каросеријата, а техничарите беа одушевени од едноставниот начин
на сервисирање и неговата еколошка подобност.
Наградите Златен Волан се доделуваат од 1976, а за Audi ова е 17.
Златен Волан. Audi Q5 стартува со продажба на 14 декември.
Покрај Audi Q5 наградата Златен Волан ја освоија и други
марки и автомобили секој во својата класа.
Годинешни добитници на Златен Волан се:
Мали возила: Seat
Ibiza
Компактна класа: VW Golf VI
Средна и Висока класа: Skoda Superb
Тренеци и SUV: Audi
Q5
Купеа: BMW Серија 1 Coupe
Зелен Волан (иновација во сферата заштита на животната
средина): BlueTec системот на Mercedes
|