Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Златен волан за Peugeot 308
24.04.2008
peugeot-308-zlaten-volan-1.jpgКомпактниот хечбек на Peugeot, моделот 308 е носител на престижната награда „Златен волан за 2007”. Станува збор за актуелна титула доделена од страна на Bild am Sonntаg.

Вообичаено е автомобилските награди да се доделуваат за годината што следи. Па така на крајот од претходната година се доделува награда за следната година. На пример на крај од 2007 некој модел станува автомобил на годината за 2008.

Но, не е секаде така. Германскиот национален неделен весник Bild am Sonntag од 1976 ја доделува наградата „Златен волан” за годината што изминува. Актуелениот автомобил на кого му припадна честа да ја носи наградата во текот на 2008 е Peugeot 308.

Наградата ја доделува жири составено од тркачи, професионалци од сферата на автомобилизмот и претставници на специјализирани автомобилистички медиуми. За нејзината вредност говорат и големите имиња како Хуан Мануел Фанџо, Валтер Рерл, Ханс Јоаким Штук, Михаел Шумахер, Дејвид Култард, Ник Хајдфелд..., кои во текот на годините биле дел од жирито на „Златен волан”.

Во игра се сите модели што се претставени на германскиот пазар во тековната година и се поделени во четири главни категории: мали автомобили, компакти, средна и висока класа и теренци и SUV. Списокот од кандидати го прават читателите на Bild am Sonntаg.

Понатаму работата ја превзема жирито кое го определува победникот од еден од петте финалисти во секоја категорија. Секој од финалистите по серија од тестови и проверки мора да одговори на критериуми како стил, дизајн, комфор, држење на пат, безбедност, грижа за животната средина, квалитет...

Кај компактите победата ја однесе Peugeot 308 откако беше избран за најдобар во 9 од 15 критериуми и ги надмина главните ривали Toyota Auris и Hyundai i30. Во останатите класи победија Skoda Fabia, Audi A4 и VW Tiguan.

Покрај освојувањето на наградата 23. члена на жирито изразиле почит за одлично завршената работа на развојните тимови кои работеле на проектот 308, а одличната продажба на Peugeot 308 е доказ за правилниот избор на жирито.

Ова е шеста награда Златен Волан за Peugeot. Првиот модел што ја освои наградата е Peugeot 505 во 1979, потоа следеа 205 во 1983, 405 во 1987,  306 во 1993 и 206 во 1998.
 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook