Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Зрнеста храна во Mustang
06.08.2007
soya-seatЗвучи чудно но немојте да се изненадите кога во салон со моделот на Mustang за 2008 ви понудат и зрнеста храна. Звучи како шега но новиот Mustang е полн со зрнца од соја.

Ford се здружи со снабдувачот на делови за автомобилската индустрија корпорацијата Lear заради нивната последна креација, а тое е сунгер за седишта направен на база на соја.

Седиштата во автомобилите во моментот користат сунгер изработен на база на нафта, додека верзијата со соја заменува безмалку една четвртина од потребното количество со обновлив извор заедно со пониското колишество на CO2 што се испушта при негово производство.

Ford се игра со сојата уште од Model Т, кој содржел 30 килограми во својата боја и во пластичните долови. Ове е вид на технологија која ја штити животната средина врз која буквално можете да се потпрете, пардон, да седнете.

Единствено се врти прашањето што ќе се случи со внатрешната миризба на автомобилот кога убаво ќе се потпече на сонце.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook