На трката од серијата Леман што се одржа викендов во Монца возачот на тимот ORECA, Стефан Ортели изгуби контрола над својот болид Courage LC70 Judd се изврте на патеката и одлета во тревата превртувајќи се. Притоа за влакно не се судри со возачот на Audi, Алан Мекниш кој возеше пред него.
Ортели се извлече со минимални повреди. Единствена траума е скршениот зглоб на ногата.