Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Ако може Audi зошто да не може и Seat
25.07.2007
seat-leon-wtcc-dizelШпанците сакаат да се угледаат на својата тркачка сестра Audi и да го продолжат нејзиниот успех. Токму затоа одлучија со својот Leon со дизел во носот да влезат во WTCC.

Seat ќе биде првиот производител што ќе влезе со автомобил погонет со дизел во WTCC, Светскиот шампионат со сериски-модификувани автомобили на FIA.

Двата дизелски тркачи првпат ќе настапат во Шведска на 28 и 29 јули.

Автомобилот кој вози со 2.0 литарскиот дизел базиран на уличниот тркач со 170 КС во спецификацијата за WTCC остварува неверојатни 280 КС со помош на турбо.

Големата моќност и биковскиот вртежен момент на предните тркала се пренесуваат преку сосема нов секвенцијален менувач. Според правилата на WTCC автомобилите со дизел мора да тежат 30 килограми повеќе.

Но, дополнителната тежина не ги плаши инженерите во Seat бидејќи тие се потпираат на големиот вртежен момент кој го прави Loen подеднакво компетитивен како и бензинската верзија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook